Оваа музичарка носи магија во себе, нејзиниот вокал е незаборавен, а со изведбата ежи и освојува на прва. Нашата, а светска Агни Авшар вели дека чест ѝ е кога има можност да ја дели сцената со великани како Влатко Стефановски, Николче Мицевски, Емин Џијан, Дамир Имери… Во интервју за CRNOBELO.com говори за нејзините музички соништа.
Презимето Авшар го носи од нејзиниото раѓање, односно е нејзиното фамилијарно презиме бидејќи има словенечко потекло. Името Агни ѝ е духовно, има подлабока симболика, а на санскрит (древен јазик) значи оган.
Со музика се занимава од најмала возраст, односно од 7 години, кога се запишала во нижото музичко училиште каде 8 години изучувала клавир, теорија на музика, солфеж…
Има дипломирано на музичката академија во Скопје на отсекот по соло пеење на катедрата за џез-музика и популарни жанрови.
Агни Авшар дефинитивно е лице и вокал кое се истакнува на нашата музичка сцена.
Сосема поинаква и своја, таа остава впечаток каде и да се појави.